Во кошаркарската НБА лига вечерва се играат седум натпревари од кои два привлекуваат најголемо внимание, затоа што ќе има лични дуели на фантастични поединци.
Еден против друг ќе се судрат европските „ѕверови“ Виктор Вембањама од Сан Антонио и Јанис Адетокумбо од Милвоки, како и Стеф Кари против Кевин Дурант, некогашните соиграчи од Голден стејт со кој освоија титула.
Интересно треба да биде и во Детроит каде гостува Далас, а ова е прв меч за Кејд Канингем од Пистонс откако првпат во кариерата беше избран за олстар.