(Видео) Ноќ на нокаутирани шампиони, Аталанта го растури Јувентус во Купот

Аталанта е првиот тим сезонава во Италија што го победи Јувентус, а тоа го стори со стил и ја декласира „старата дама“ со 3-0.

Тимот од Бергамо сезонава игра одлично, во контиунуитет му задава многу проблеми на Јувентус, а вечерва и буквално го нокаутираше и го исфрли од натпреварите во италијанскиот куп.

Кастањ и на двапати импресивниот Дуван Запата ја погодија мрежата на гостите од Торино, а доминацијата на Аталанта можеше да им донесе на фаворитите и потежок пораз.

Јувентус упати само еден удар кон голот на Аталанта, тој на Хедира во второто полувреме, што беше и најдобрата и единствена шанса за нив на мечот, па елиминацијата од Купот е заслужена.

https://www.youtube.com/watch?v=8zIBl57A5ZQ

Аталанта ќе игра во полуфиналето со Фиорентина, која ја потопи Рома со 7-1.

- Оглас -

Најнови вести