Вонсериското издание на Зек Лавин му донесе победа на Чикаго булс на гостувањето кај Шарлот хорнетс со минимални 116:115. Мечот во кој се видоа неколку пресврти во резултатот, припадна на гостите и тоа во инфаркт завршница, а клучната тројка на Лавин по која остана помалку од една секунда до крајот го комплетираше кам-бекот.
Шарлот влезе со осум поени предност во последната минута, но Лавин веќе беше расположен да дава кошеви, па од вкупно 13 тројки три ги постигна во последните 40 секунди, меѓу кои најважната за победа. Неговите 49 поени се покажаа како доволни за шестиот триумф на Чикаго.
И Ентони Дејвис мораше сам да го решава дуелот против Мемфис гризлис, кој Лејкерс го добија со минимални 109:108. Гризлите го контролираа натпреварот од самиот почеток, па во последните три и пол минути влегоа со предност од +5. Но, следуваше 9-0 серија на Езерџиите, во која Дејвис реализира девет поени, па се испостави дека резултатот од 109:105 е недостижен за домаќините во решавачките 50 секунди.
Дејвис заврши со 22 поени и четири скока, но најефикасен за Лејкерс беше Леброн Џејмс со 30 поени. Морант од другата страна беше најрасположен со 26 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=hLxwCUeBAcw
Останати резултат од НБА лигата:
Индијана пејсерс – Орландо меџик 111:106, Атланта хокс – Торонто репторс 116:119, Њујорк никс – Сан Антонио спарс 104:111, Филаделфија севентисиксерс – Мајами хит 113:86, Кливленд кавалирс – Портланд трејлблејзерс 110:104, Милвоки бакс – Детроит пистонс 104:90, Јута џез – Њу Орлеанс пеликанс 128:120, Минесота тимбервулвс – Феникс санс 98:100.