Ноќ полна со дербија во НБА: Мајами ќе слави во репризата од ланското финале

8473 Мајами хит – ЛА лејкерс (01:30ч)

Без Леброн и Дејвис, Лејкерси не делуваат толку опасно, а тоа го покажува и учинокот од 4-6 во последните 10 натпревари. И Жешките во овој меч ќе влезат со идентичен учинок, но барем се домаќини и со речиси комплетен состав.

Мајами славеше и во првиот овосезонски дуел меѓу ланските финалисти кој се одигра во Лос Анџелес, па ќе биде добро за тимот од Флорида да се пофали со двојна победа. Не очекувајте висок број на поени.

Предлог тип: 1 & <204,5 поени (2.70)

 

8001 Торонто репторс – Чикаго булс (01:30ч)

Нема да биде изненадување доколку шампионот од 2019 година загуби ноќеска од не толку расположените Бикови. На домаќините им фалат првотимците Лаури и Ванвлит, а без нив, тешко дека ќе се избегне втор пораз во низа.

Двете екипи влегуваат со форма од две победи и три порази, а воедно се борат за последното место кое води во дополнителните разигрувања, а Чикаго има подобар учинок за нијанса со 21-18.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

8475 Далас маверикс – Милвоки бакс (03ч)

Со оглед на тоа дека настапот на Адетокумбо е неизвесен, Далас има поголеми шанси да го одбрани домашниот терен иако за овој меч нема да смета на високите Коли-Стајн и Макси Клебер.

Пред овој меч Далас беше во серија од пет победи, но го загуби тексашкото дерби од Хјустон. Дончиќ како лидер на Маверикс сигурно ќе сака да се врати на победнички патеки, а особено добро му оди кога игра во големи натпревари.

Далас ќе сака да се реваншира за поразот во првата меѓусебна пресметка од оваа сезона против Милвоки.

Предлог тип: 1 (1.99)

 

8476 ЛА клиперс – Феникс санс (04ч)

Клиперси речиси цела сезона го бркаат Феникс на второто место на Западот, а доколку вечерва триумфираат ќе дојдат на само една победа заостаток.

Сепак, Сонцињата се во опасна форма со 9-1 учинок во последните 10 натпревари, по што планот е да се продолжи со серијата и да се оствари реванш за поразот на домашен терен претходно сезонава. Клиперси ноќеска нема да сметаат на искусниот Ибака, но разбирливо е дека товарот паѓа на Ленард и Џорџ, кои ќе треба да се покажат како подобри од Букер, Пол, па и центарот Ејтон.

Предлог тип: >221,5 поени (1.84)

 

8477 Јута џез – Портланд трејлблејзерс (04ч)

Јута како ретко кога сезонава нанижа два порази, но и натаму е најдобар тим во целата лига со учинок 38-13. Далас и Феникс ги приземјија Џезерите кои пак не планираат да продолжат со поразите и на домашен терен.

Во Солт Лејк сити гостува Портланд, кој доби две од последните пет гостувања кај лидерот на Западот, вклучувајќи ја и првата овосезонска пресметка со 100:120. Двете екипи гарантираат висок број на поени, многу често вкупнио збир на поени е над 220, па може истото да се очекува и во оваа средба.

Предлог тип: >229,5 поени (1.95)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести