Ноќ за бековска стрелба во НБА

Богата полноќна програма со 11 мечеви во НБА-лигата и пет дуели во НХЛ-лигата има во професионалните лиги на Америка и Канада, а нашиот Полноќен експрес за првпат е составен од индивидуални тотали на кошаркари во НБА-лигата.

Одбравме пет бекови на различни натпревари и сите ги типуваме со плус поени.

Кемба Вокер (Шарлот хорнетс – Хјустон рокитс, НБА, 01.00 часот)

Ветеранот на Шарлот хорнетс игра одлична сезона и е убедливо прв стрелец на тимот со просек од над 25 поени по меч. Кемба знае набрзина да наниже десеттина поени, што често се случува сезонава, а Шарлот благодарение токму на неговите ефикасни настапи има шанси да игра во плејофот.

Играта на Хјустон потполно му одговара на Кемба. Ќе се игра за кош повеќе и веројатно единствен проблем за бекот на Шарлот да не ја мине границата од 26,5 поени е мечот да биде решен рано, па тој да има помала минутажа.

Предлог тип: Вокер > 26.5 поени (1.87)

 

Тре Јанг (Атланта хоукс – Минесота тимбервулфс, НБА, 01.30 часот)

Рукито на Атланта од меч во меч ја потврдува класата и талентот, а на последните три меча беше ултра ефикасен. Двапати одеше и над границата од 30 поени, па веруваме дека и против Минесота нема да има проблем да постигне повеќе од 20 поени.

Бекот на Хоукс досега играше само еднаш против Минесота, постигна 16 поени, но сега е во топ форма и типуваме дека ќе ја продолжи серијата од 20+ поени што ја почна против Детроит на 23-ти февруари.

Предлог тип: Јанг > 20.5 поени (1.85)

 

Бредли Бил (Бруклин нетс – Вашингтон визардс, НБА, 01.30 часот)

Во отсуство на Џон Вол, прва опција во нападот на Визардс постојано е Бредли Бил. Од него зависат многу работи кај тимот од главниот град на САД, а Бил често знае да одигра ефикасно и во голем процент на мечевите е прв стрелец кај Вашингтон.

На последните два меча блескаше, на Шарлот му даде 46 поени, а потоа го наполни и кошот на Индијана со 35 поени.

И против Бруклин редовно дава многу кошеви, а очекуваме и ноќеска да биде топ стрелец кај гостите и да ја мине границата од 26,5 поени.

Предлог тип: Бил > 26.5 поени (1.85)

 

Деанџело  Расел (Бруклин нетс – Вашингтон визардс, НБА, 01.30 часот)

За разлика од Бил, Расел има добри замени, по повредата се врати Карис Леверт, тука е и Харис, но не игра Динвиди, што му дава доста слобода на Деанџело. Тој е главниот адут на Бруклин и ако продолжи да игра во формата која ја прикажува во последно време, Нетс имаат шанса за плејоф.

Интересно на последните два дуели со Вашингтон е тоа што Расел постигнуваше по 8 поени, но сега е во страшна форма и очекуваме трета среќа и над 25 поени за бекот на домаќините.

Предлог тип: Расел > 24.5 поени (1.85)

 

Донован Мичел (Јута џез – Л.А. Клиперс, НБА, 03.00 часот)

Типуваме дека ова ќе биде ноќ во знакот на бековите, а меѓу нив е и Донован Мичел. Предводникот на Џез на последните 10 меча деветпати ја минуваше границата од 20 поени, а на последните три е над 25.

Во него потполна доверба има тренерот на Џез, Квин Шнајдер, а Мичел дури понекогаш и претерува со премногу обиди од поле. Но, во моментов е во топ форма и лесно може да постигне и над 30 поени.

Предлог тип: Мичел > 25.5 поени (1.87)

 

 

- Оглас -

Најнови вести