Ноќ за историја: Бам Адебајо постигна 83 поени во триумфот на Мајами хит, надминувајќи го Коби Брајант (Видео)

Кошаркарот на Мајами хит, Бам Адебајо, приреди неверојатна НБА-вечер во која го оствари вториот најголем поентерски ефект во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Адебајо во натпреварот на својот Мајами хит против Вашингтон визардс, кој заврши со резултат 150-129, постигна неверојатни 83 поени.

Со тоа Адебајо го надмина рекордот на Коби Брајант од 2006 година, кога легендарниот бек постигна 81 поен на еден натпревар, а пред него на вечната листа останува само Вилт Чембрлен, кој во 1962 година постигна 100 поени.

Уште од самиот почеток на мечот беше јасно дека Адебајо ќе има исклучителна поентерска вечер. По четвртини постигна 31, 12, 19 и на крајот 21 поен во четвртата четвртина.

Во овој натпревар Адебајо од игра шутираше 20/43, а изведе неверојатни 43 слободни фрлања, од кои реализира 36 поени. За три поени шутираше 7 од 22 обиди.

Кај поразениот тим на Вашингтон визардс, Александр Сар постигна 28 поени, додека Вил Рајли додаде 22.

Победникот беше решен уште во средината на третата четвртина, кога Мајами стигна до предност поголема од 20 поени, а до крајот на натпреварот се играше практично само за Адебајо да го зголеми својот поентерски ефект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести