Актуелниот НБА шампион, екипата на Деневер, изненадувачки загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 115-110. Сепак, овој натпревар ќе се памети по неверојатните бројки кои ги оствари српскиот центар, Никола Јокиќ, иако неговата екипа беше поразена.
Србинот повторно оствари трипл-дабл учинок со 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Тоа е сезонски рекорд по бројот на асистенциите, но и израмнување на личниот рекорд на Јокиќ. Сепак, овој трипл-дабл ќе влезе во историјата, бидејќи никој претходно не остварил вакви бројки во делот на асистенциите и скоковите, односно не надминал 15 кога е остварен трипл-дабл.
Четвртипат во кариерата Јокиќ остварува трипл-дабл со по над 15 асистенции и скокови и втор на вечната листа, после Оскар Робертсон кој има 14 вакви остварувања, но од 1990-тата до денес, никој не направил повеќе остварувања од србинот.
И уште еден неверојатен податок. Во последните 40 години кога се работи само за центрите, вкупно осумпати имало трипл-дабл со најмалку 15 поени, 10 асистенции и 15 скока, а седум од тие се во сопственост токму на Никола Јокиќ.
Резултати:
Шарлот – Милвоки 99-130
Вашингтон – Њујорк 99-120
Аталанта – Филаделфија 116-126
Кливленд – Детроит 108-100
Сан Антонио – Сакраменто 120-129
Торонто – Бостон 105-108
Чикаго – Орландо 97-103
Њу Орлеанс – Денвер 115-110
Портланд – ЛА Лејкерс 95-107
Јута – Феникс 128-131
ЛА Клиперс – Хјустон 106-100