Екипата на Зрињски од Мостар е многу блиску до пласман најмалку во групите од Конференциската лига откако вечерва во Мостар го совлада исландскиот Брејдаблик со 6-2. Прашањето околу победникот на овој натпревар беше решено уште во првото полувреме, кога претставникот на Босна и Херцеговина дојде до високи 5-0. Во второто полувреме Босанците зголемија на 6-0, но следуваа два гола на Брејдаблик за колку-толку да ги задржат шансите за изненадување на реваншот.
Доколку Зрињски успее да го помине Брејдаблик, тоа ќе значи историски прв настап во групната фаза на едно европско натпреварување за клуб од Босна и Херцеговина.
За екипата на Брејдаблик ќе остане утешната „награда“, а тоа е, се надеваме, дуел против шампионот на Македонија, Струга, во плејофот од Конференциската лига.
https://twitter.com/FootColic/status/1689720165879984131?s=20
https://twitter.com/FootColic/status/1689721390855819264?s=20
https://twitter.com/FootColic/status/1689722156697911296?s=20