-3.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Ноќ за рекорди на Дончиќ и Јокиќ, ЛА лејкерс и Денвер победија (Видео)

Лука Дончиќ со ЛА лејкерс и Никола Јокиќ со Денвер одиграа рекордна ноќ во НБА-лигата и двајцата дојдоа до трипл-дабл ефект.

Лука Дончиќ постигна 45 поени, подели 14 асистенции и имаше 11 скока во својот петти трипл-дабл сезонава. Неговиот ЛА лејкерс славеше над Јута со 143:135. Репрезентативецот на Словенија во брилијантна вечер имаше и пет освоени топки, како и само една изгубена. Статистичарите по натпреварот го издвоија податокот дека ова е само третпат во историјата на славната франшиза кој остварил трипл-дабл со 45 или повеќе постигнати поени. Единствениот пред Дончиќ кому тоа му успеало бил Елгин Бејлор, кој тоа го направил двапати, во 1961 и 1963 година.

Никола Јокиќ ноќта кон петокот го предводеше Денвер до шестата последователна победа. Во триумфот над Орландо Меџик со 126:115, српскиот центар го оствари својот 13-ти трипл-дабл во сезоната со 23 поени, 13 асистенции и 11 скока. Во победничката вечер тој стана и центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата.

Јокиќ го престигна Карим Абдул-Џабар (5660 асистенции). Во натпреварот влезе со шест асистенции помалку од легендарниот центар, а историскиот момент се случи на 6:26 минути пред крајот на првото полувреме, кога Јокиќ му асистираше на Џејлен Пикет за тројка.

Резултати:

Шарлот – Атланта 133-126
Индијана – Њујорк 113-114
Бруклин – Мајами 95-106
Милвоки – Торонто 105-111
Њу Орлеанс – Хјустон 133-128 (119-119)
Оклахома – ЛА клиперс 122-101
Сан Антонио – Вашингтон 119-94
Далас – Денвер 116-114 (110-110)
Денвер – Орландо 126-115
Феникс – Голден стејт 99-98
Јута – ЛА клиперс 135-143
Портланд – Сакраменто 134-133 (115-115)

- Оглас -

Најнови вести