Познатиот канадски рапер Дрејк се обложи на главната борба на боксерската вечер во Мајами помеѓу блогерот Џејк Пол и поранешниот светски шампион Ентони Џошуа, и се разбира дека е недобитен како и многупати во минатото.
Дрејк објави фотографија со која се пофали дека уплатил 200.000 долари на победа на Пол кој беше аутсајдер. Можната добивка му беше 1,64 милиони долари.

Дрејк многупати беше на погрешна страна, на пример минатиот пат стави голема сума на Мајк Мајсон против Пол, а тогаш победи Пол.
На прес-конференцијата по поразот од Џошуа, Пол му се извини на Дрејк, а и се пошегува на негова сметка.
„Овој пораз е по вина на Дрејк. Брате, зошто ми го направи ова?“, рече Пол на шега, а потоа призна дека сам е виновен за поразот.
„Не, ова беше моја вина и грешка. 400 илјади долари за него не се ништо. Тој заработи многу повеќе пари обложувајќи се на мене претходно. Извини Дрејк, ќе победам во реваншот“, рече Пол.

