Нокаут над нокаутите во УФЦ, и тоа на пет секунди до крајот на борбата (Видео)

Чилеанецот Игнасио Бахамондес стана популарен меѓу љубителите на боречките спортови, конкретно ултмејт фајтот, откако со спектакуларен нокаут ја доби борбата против Американецот Рузвелт Робертс, и тоа на само 5 секунди до крајот на борбата.

Веројатно Бахамондес ќе ја добиеше борбата и на поени, но вака се прослави и со страшен удар го патосираше противникот. За победата, Чиленеацот ќе добие 50.000 долари, но после ваков нокаут за паметење, цената може и да му порасне во иднина.

- Оглас -

Најнови вести