Нокаут од Инѕаги за Гвардиола, испадна главниот кандидат за освојувач на Светско клупско (Видео)

Саудиски Ал-Хилал го елиминираше Манчестер сити од Светското клупско првенство во САД со победа од 4-3 во спектакуларен меч кој траеше 120 минути, откако по регуларните 90 беше 2-2.

Ова е прв пат азиски тим да победи европски на едно меѓународно натпреварување под капата на ФИФА.

Сити беше прв фаворит за трофејот до вчера, затоа беше наводно најсилен тим на „полесната страна“ од костурот на турнирот. Пред нив испадна и Интер Милано кој требаше да игра со Сити во четвртфиналето, но четврфиналниот пар ќе биде Флуминенсе – Ал Хилал. Во финалето на СКП ќе игра еден од овие четири тима: Палмеирас, Челзи, Флуминенсе или Ал-Хилал.

Ова е голот на Маркос Леонардо за 4-3:

- Оглас -

Најнови вести