Нокаут за ПАОК – Има препорака гигантот да биде преселен во понизок ранг

ПАОК денеска го победи Волос со 1:0 и повторно е лидер во Грција, но наместо радост, сега стравува од исфрлање од Првата лига.

Агенцијата за спорт во Грција даде препорака ПАОК заедно со Ксанти да бидат преселени во понизок ранг на натпревари поради нерегулирани односи во сопствеништвото на клубвите.

Со одлука од 3:2 во гласови, петте члена на комисијата дадоа препорака да им се одземе прволигашката лиценца на двата клуба, што автоматски би значело преселба во понизок ранг.

Кај Ксанти е констатирана и нерегуларност во купопродажба на клупските акции меѓу акционерите, а нешто слично е и кај ПАОК.

ПАОК е трикратен првак на Грција и член на големата четворка на грчкиот фудбал со Олимпијакос, Панатинаикос и АЕК.

Ксанти има поскромен рејтинг и една титула во Грција.

- Оглас -

Најнови вести