Нокаутиран линиски судија, мечот прекинат (Видео)

Линискиот судија Гастон Руиз беше буквално нокаутиран откако со топка беше погоден во лице и падна како покосен, а беше пренесен во болница за да се провери неговата здравствена состојба по овој ненамерен потег.

Ова се случи во 35-тата минита на мечот помеѓу Асосијасион Хувентуд Католика и Атлетико Калчин во Лигата на Рио Сегундо во Аргентина. Средбата беше прекината при резултатот 0-0, а несреќниот судија со возило на брза помош беше пренесен во болница.

Куриозитет е што немало четврти судија, немало кој да го замени Руиз, па средбата морала да биде прекината и ќе треба да се доигра во некој од наредните денови.

- Оглас -

Најнови вести