Нокаутираната Барса ќе прави истрага за германската формула 5 х 6: Ова е срамота, се чувствуваме понижени

Ајнтрахт Франкфурт ја декласира Барселона во реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа и со победа од 3:2 на „Камп ноу“ го елиминира гигантот, а играта на Германците поддржана од неверојатна бројка од 31 илјада нивни навивачи на трибините беше многу подобра од конечниот резултат.

Германците летаа на теренот и имаа предност од 3:0 до 91-вата минута, кога во судиското продолжение од цели 11 минути примија два гола.

Заслужено одат понатаму, а Барса ќе си ги бара слабостите кај себе и најавија интерна истрага како дојдоа во ситуација на трибините да има 31 илјади гостински навивачи, наспроти 49 илјади домашни симпатизери, иако на Ајнтрахт му следуваа само пет илјади влезници според прописите на УЕФА.

„Се чувствував понижено и ова што се случи на трибините е срамота за нас и не смее да се повтори. Не можевме да победиме во таква атмосфера и тажни сме, но поразот мора да се прифати. Ќе мора да истражиме како дојдовме во ситуација да има повеќекратно повеќе гостински навивачи од контингентот на влезници што им следуваа“, изјави Жоан Лапорта, претседателот на Барселона.

Навивачите на Ајнтрахт беа главната спортска приказна со нивните миленици, фудбалерите кои одиграа феноменален реванш и со вкупен резултат од 4:3 ја елиминираа Барселона.

Во шпанскиот град имаше над 30 илјади навивачи на популарните Орли и беа фантастичен декор на „Камп ноу“.

Се претпоставува дека им помогна и тивкиот бојкот на околу 26 илјади симпатизери на Барса кои имаат претплатни билети, а не беа на трибините, па Германците се снаоѓаа за билети на секаков начин.

https://twitter.com/fums_magazin/status/1514713296007540738?s=20&t=vaXYVJ3GUG3_1AccMB4_4Q

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести