Ноќеска треба да победат сите четири домаќина во НБА-плејофот

Дури четири средби се играат ноќеска во НБА-лигата, а на три од нив, домаќините немаат право на грешка затоа што доколку не победат, тоа ќе значи и нивна елиминација.

Кливленд на свој терен игра против Њујорк, а гостите се во предност од 3:1 во победи, што значи дека им треба само уште една радост за да бидат дел од второто коло на разигрувањето за титулата.

Предводен од „вечниот“ Леброн Џејмс, Лос Анџелес лејкерс има 3:1 против Мемфис, иако Гризлите ја имаа фаворитската улога во овој двомеч. Мемфис ноќеска игра пред своите навивачи и мора да триумфира за да остане во игра и да се избори за шести дуел.

Пред шокантна елиминација е најдобриот тим по регуларниот дел од НБА-сезоната, Милвоки бакс, кој губи со 1:3 од Мајами. Милвоки сега игра дома и би било чудо ако повторно загуби.

Серијата е израмнета само меѓу Сакраменто и Голден стејт и таму моментално е 2:2. Во досегашните четири дуела, секогаш беше искористена предноста на домашен терен, а сега во таква ситуација е Сакраменто.

Освен четирите дуела, секако тука е и огромната понуда на „плус-минус“ поени на кошаркарите. Над 35-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на терените во НБА се дел од понудата во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести