Првиот Гренд слем турнир во 2024 година ќе започне ноќеска и во првиот ден ќе се одиграат 16 натпревари на Австралија Опен. Прв фаворит за титулата е Новак Ѓоковиќ, тенисерот кој доминира на терените во Мелбурн. Србинот веќе 10 пати го има освојувано трофејот на овој Гренд слем турнир.
Од сите тенисери кои оваа сезона ќе бидат дел од турнирот, единствено Стан Вавринка може да се пофали дека стигнал до трофејот. Останатите тенисери би атакувале на првиот успех во Мелбурн. Рафаел Надал кој има два трофеи на овој турнир, го откажа учеството поради повреда и недоволна подготвеност, а главен фаворит на Шпанците ќе биде Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ има поволна ждрепка. На стартот во првото коло ќе игра против хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ, а Алкараз може да го добие за ривал само во финалето.