Ноќта кога еден од најдобрите во историјата ја заврши кариерата на најлош начин (Видео)

Зинедин Зидан е еден од најдобрите фудбалери во историјата не само на Франција, туку во светот. Популарниот Зизу со Франција стана и европски и светски првак, беше европски и светски клупски првак, а во 2016 година ја заврши кариерата.

Блескавата кариера Зидан ја заврши на најлош можен начин. Доби црвен картон во финалето на Светското првенство во 2006 година, а Франција загуби од Италија. Во мечот за златото, Франција и Италија играа 1:1, па мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Во 110 минута, Зидан имаше конфликт со дефанзивецот на Италија, Марко Матераци, па капитенот на Франција не можеше да се исконтролира и го удри противникот со глава во градите. За овој потег, Зидан заработи црвен картон, оставајќи ги соиграчите на цедило.

По мечот, Зидан објасни дека Матераци „му ја навредил фамилијата, а за него фамилијата е светост“. Подоцна самиот Матераци целодно откри зошто се случил тој инцидент.

„Во текот на целиот меч имавме многу дуели, затоа што јас бев „фластер“ за него. Во 110 минута имавме жесток дуел, а јас малку го повлеков за дресот. Тогаш Зидан ми рече „Ќе ти го дадам дресот по мечот, штом толку го сакаш“. Јас му возвратив дека повеќе би сакал да ми ја даде неговата сестра. Потоа се случи тоа што се случи“, откри Матераци.

На тој начин, на 9 јули 2016 година заврши кариерата на играчот кој ги освои сите најзначајни тимски, но и индивидуални награди.

 

- Оглас -

Најнови вести