Ноле ги пушти емоциите да излезат од него, заплака по десеттиот триумф во Мелбурн (Видео)

Новак Ѓоковиќ по десетти пат триумфира на Отвореното првенство на Австралија откако во финалето во три сета со 6:3,7:6,7:6 го победи Стефанос Цицицас и веднаш ги пушти емоциите да излезат од него.

По последниот поен на мечот, Новак дојде во ложата каде беа неговиот стручен штаб и мајката Дијана и братот Марко, и заплака.

https://twitter.com/i/status/1619664302645936129

Новак минатата година беше оневозможен да ја брани титулата бидејќи беше депортиран од Австралија, а изминатите две недели се мачеше со повредата на ногата поради која беше на удар на австралиските медиуми кои се сомневаа дека тој симулира.

Поради тоа, Новак емотивно го доживеа освојувањето на десеттиот триумф во Мелбурн.

 

- Оглас -

Најнови вести