Ноле како да е од гума – иако има 32 години направи потег како да е гимнастичар (Видео)

Новак Ѓоковиќ направи еден од најголемите пресврти во неговата кариера, откако со 2:1 во сетови го победи Гаел Монфилс во полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи. Србинот губеше со 1:0 во сетови и 3:1 во гемови, а потоа во вторит сет спаси три меч топки во низа, а на крајот стигна и до победа.

Дека Ѓоковиќ не се предава во ниту еден момент покажа и со еден потег во обид да стигне една топка на противникот. Србинот направи „шпага“, а потегот делуваше опасно, дури многумина помислеа дека се повреди. Иако има 32 години, Ѓоковиќ покажа колку е физички подготвен и не само што успеа да не се повреди, туку се исправи и продолжи во силно темпо за да стигне до победата.

 

- Оглас -

Најнови вести