Ноле му го подари рекетот, а реакцијата на детето е бесценета (Видео)

Новак Ѓоковиќ со неверојатен пресврт го победи Стефанос Циципас со 3:2 во сетови и триумфираше на Ролан Гарос. Српскиот тенисер со овој триумф уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер на денешницата. По завршувањето на дуелот, Ѓоковиќ тргна кон трибините, каде што стоеше едно дете. Неочекувано, но Ѓоковиќ му го подари рекетот како сувенир, а детето не можеше да поверува што доби и буквално скокаше од радост.

„Не знам кое е тоа дете, но цело време го слушав како ме бодри. Навиваше за мене и кога губев со 0:2 во сетови, дури ми даваше и совети, како да ми е тренер. Ако некој го заслужи рекетот, тогаш тоа е тој. Сакав да му го дадам затоа што во текот на целиот меч имав поддршка од него“, откри Ѓоковиќ.

https://twitter.com/i/status/1404134249503076358

- Оглас -

Најнови вести