36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ноле му се обрати на Иванишевиќ: Те сакам Горане, но мислам дека не си во право

Новак Ѓоковиќ неколку години како тренер го имаше Горан Иванишевиќ период во кој српскиот тенисер доминираше и освои многу гренд слем титули. Сега Ѓоковиќ е во потерпо рекордниот 25-ти трофеј на големите турнири, а Иванишевиќ вели дека неговиот некогашен пулен е еден од главните фаворити, па дури и ако треба да игра против Карлос Алкарас и Јаник Синер.

Со овие зборови на Иванишевиќ, сепак не се согласи самиот Новак.

„Уф…Го сакам Горан и мило ми е што и тој ме сака мене“, со насмевка искоментира Ѓоковиќ, а потоа продолжи „Сепак, навистина не мислам дека во овој момент јас сум фаворит против овие момци (Алкарас и Синер). Мислам дека тие двајца се фаворити. Но, веројатно овде имам најголеми шанси да ги победам. Ако играм против некој од нив двајца сигурно ќе се обидам да го дадам најдоброто за да победам. Без сомнеж, мислам дека имам шанси за победа. Моите резултати кога играм на трева ми даваат да имам самодоверба. Се чувствувам добро“, рече Ѓоковиќ.

Следниот предизвик за Ѓоковиќ ќе биде дуелот против Италијанецот Флавио Коболи. Овие двајца тениери играле само еднаш досега и тоа на турнирот во Кина, кога Ѓоковиќ победи со 2:0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести