Ноле откри што го мотивира за уште да игра и на 38 години

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако со 3:1 во сетови го победи Александер Зверев. Победата на Ѓоковиќ е дополнително вредна затоа што првиот сет Србинот го загуби, но потоа одигра фантастично и не му даде никаква шанса на Германецот кој е 10 години помлад од него.

„Знаете што, мислам дека одиграв сјаен меч за своите 38 години. И тоа нешто значи. Ако ме прашате зошто сакам и понатаму да се натпреварувам, тоа се мечевите како овој што беше“, задоволно коментираше Ѓоковиќ.

Србинот во полуфиналето сега ќе го има најголемиот предизвик, затоа што ќе игра против Јаник Синер кој веќе подолго време е најдобар тенисер во светот и број 1 на АТП листата.

„јаник е најдобриот тенисер во последните неколку години. Заслужено е таму каде што е затоа што игра сјаен напаѓачки тенис и е јак од секој аспект. Подолго време немаме играно еден против друг, а јас ќе го дадам најдоброто што можам за да го победам“, додава Ѓоковиќ.

Полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Синер ќе се игра в петок од 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести