Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Австралија и ќе го брани трофејот освоен минатата сезона. Србинот има дури седум титули на гренд слемот во Мелбурн и сега му треба само уште една победа за да стигне до вкупно 8 трофеи на ова престижно натпреварување.
Доколку успее да ја освои титулата, Ѓоковиќ повторно ќе стигне до првото место на АТП листата, што е само уште еден мотив повеќе за победа во неделниот меч. Во разговор на Њујорк Тајмс, Ѓоковиќ се присети како неговата тениска кариера започнала со само 10 германски марки.
„Десет германски марки. Татко ми Срѓан дојде и рече: „Ова е се што имаме.“ На масата имаше само 10 германски марки. Тогаш ни рече дека во тие моменти мора да бидеме сплотении заедно да најдеме пат да поминеме низ таа ситуација. Тоа засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Беше многу влијателен момент во мојот живот“, се присети Ѓоковиќ.
Србинот стигна до врвот на тенисот и низ кариерата успеа да заработи повеќе од 200 милиони долари. Противник на Ноле во финалето во Мелбурн ќе му биде подобриот од дуелот Александар Зверев – Доминик Тим. Ѓоковиќ ќе оди по осмата титула во „Мелбурн парк“, а Зверев и Тим немаат ваков трофеј.