Ноле прво ги шокираше гледачите, а потоа следуваше изненадувањето (Видео)

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, за првпат во 2021 година се појави на теренот и ја воодушеви публиката во Австралија. Популарниот Ноле најпрво ги загрижи своите навивачи и публиката во Аделаида откако поради повреда, реши да не игра на егзибицискиот меч против Јаник Синер, па место него, на теренот како негова замена се појави Филип Крајиновиќ.

Трибините во Аделаида беа исполнети, а најголемиот дел од гледачите беа за да го поздрават Ѓоковиќ, но Србинот се жалеше на болки на дланките поради плускавци здобиени додека тренираше во хотелската соба за време на 14-дневниот карантин.

По завршување на првиот сет од егзибицискиот дуел, се случи пресврт. Ѓоковиќ, сепак, реши да се појави на теренот и да заигра, што наиде на воодушевување кај публиката.

https://twitter.com/i/status/1354993897190076416

Ѓоковиќ одигра солидно против Синер, а за време на дуелот на неговата десна рака можеше да се забележи голем плускавец. Србинот, кој е во Австралија за да го брани трофејот на првиот гренслем сезонава, очекува ситуацијата со оваа повреда да му се подобри во следните три дена.

Отвореното првенство на Австралија ќе стартува на 8 февруари.

- Оглас -

Најнови вести