10.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Ноле се појави таму каде што не го очекуваа и најави дека може да учествува на ЛОИ 2028

По завршувањето на Австралија опен каде Новак Ѓоковиќ стигна до финалето, но не успеа да го освои рекордниот 25-ти гренд-слем, српскиот тенисер се префрли на зимските спортови. Помалку неочекувано, Ѓоковиќ синоќа се појави во Италија и во живо го следеше спектаклот за отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

„Ова е преубав спектакл, како и секогаш што се Олимписките игри. Секогаш е убаво кога ќе се дојде во Италија. Очигледно е дека Италија е земја на спортот. Очекувавме спектакл и тоа го видовме. Мене ова ми е прв пат да сум на церемонија на отворање на Зимски олимписки игри и тоа е голема емоција. Многу сум среќен што ова искусво можев да го доживеам со моето семејство“, рече Ѓоковиќ.

Популарноот Ноле покажува дека и на 38 години може да парира на помладите, а најави дека не е исклучена можноста да настапи и на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„Мора да се трудам да им парирам на помладите. Човек мора да размислува за себе како млада личност. Што се однесува до ЛОИ, далеку е 2028, но очигледно е дека имам желба да бидам и таму“, со насмевка рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести