Ноле се врати во неговиот тениски рај, токму тука ќе атакува на јубилејната 100-та АТП титула

Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои трофејот на Мастерсот во Мајами откако во финалето изненадувачки загуби од младиот 19-годишен Јакуб Меншик од Чешка. Ѓоковиќ повеќе од една година чека да се израдува на јубилејниот 100-ти трофеј на АТП-турнир, но никако да го направи последниот решавачки чекор.

По поразот во Мајами, Србинот замина во Монако. Тоа е местото каде што Ѓоковиќ со години живее и се подготвува. Недвижнината која Ѓоковиќ ја поседува во Монако се проценува на околу 5-6 милиони евра.

„Тука отсекогаш била мојата тениска база, дури и кога живеев во Србија. Ми се допаѓа дека имам едно место каде што можам да се фокусирам само на тенисот. Тоа ми е многу важно“, уште пред неколку години има изјавено Ѓоковиќ.

Токму во неговиот тениски рај ќе биде следниот обид да се оствари мисијата, освојување на 100-тата АТП-титула. Ноле ќе учествува на мастерсот во Монте Карло кој ќе се игра од 6 до 13 април и токму тука ќе се обиде да ја оствари целта која се обидува да ја достигне повеќе од една година.

- Оглас -

Најнови вести