Ноле со многу емоции зборуваше за Рафа: Ова е малку премногу за мене (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Шангај откако потешко од очекувањата со 2:1 во сетови го совлада Јакуб Меншик од Чешка. По победата, Ѓоковиќ даде коментар за одлуката на Рафаел Надал да се повлече од активното играње.

„Постирав порака на Инстаграм и тоа што го напишав за Надал, го напишав од срце. Тој е мојот најголем ривал, а тоа убедливо најмногу влијаеше на мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде порано или подоцна, но сепак е шок“, рече Ѓоковиќ со многу емоции, а потоа коментираше и за тоа дека тој остнува единствен активен играч од „големата четворка“ која ги одибележа последните 15-20 години во светскиот тенис.

„И за Роџер го мислев истото кога се повлече пред неколку години. Сега Мареј и Надал. Тоа е малку премногу за мене. Не знам што да мислам, дел од мене, голем дел од мене замина со нив. Тоа се тешки вести за тенискиот свет. Рафа е инспирација за милиони деца низ целиот свет. Мора да биде горд на себе“, додаде Ѓоковиќ.

https://twitter.com/i/status/1844729445615087696

- Оглас -

Најнови вести