Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе биде еден од новите газди на францускиот клуб Ле Ман.
Ѓоковиќ како ортаци во сопственичката структура на клубот ќе ги има и Јоргос Франгулис кој е момче на тенисерката Арина Сабаленка (Белорусинката е пријателка на Новак, па преку неа и дошло до соработката), а покрај нив, во клубот влегуваат и двајца поранешни Формула 1 пилоти, Фелипе Маса и Кевин Магнусен. Визијата е да се поврзат фудбалот и легендарната трка „24 часа Ле Ман“.
По овие најави, Ѓоковиќ самиот на социјалните мрежи ја потврди соработката и тоа дека се работи за сериозен проект.
Ле Ман е член во втората лига во Франција, а една од првите цели ќе биде враќање на овој клуб во елитната Лига 1. Што се однесува до Франгулис, ова не е неговиот прв фудбалски клуб, со оглед на тоа што беше дел и од бразилскиот клуб Коритиба.