Ноле со серва се загрева за Отвореното првенство на САД (Видео)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на Отвореното првенство на САД. Тоа е четвртиот и последен гренслем-турнир за оваа година. Ѓоковиќ ги освои првите три гренслем-турнири во Мелбурн, Париз и Лондон, па сега во Њујорк ќе атакува на „покер“.

Освен со рекетот во рака, Ѓоковиќ покажа и еден поинаков начин на подготовка за Отвореното првенство на САД. Во друштво со пријателите, Ноле играше тенис со нога или популарно наречената серва.

За да биде добро подготвен за настап на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ реши да ги пропушти Мастерс 1000 турнирите во Торонто и Синсинати.

https://twitter.com/i/status/1428389556852776966

 

- Оглас -

Најнови вести