За помалку од 24 часа, Новак Ѓоковиќ помина речиси шест часа на тенискиот терен за две тешки победи на АТП 250 Белград Опен турнирот, но успеа да стигне до полуфиналето. Синоќа, Ѓоковиќ го елиминираше Ѓере, а денеска победи уште еден сонародник, а тоа е Миомир Кецмановиќ.
„Две многу слични сценарија на двата последни меча. Еден или два поени беа одлучувачки. Миомир беше одличен како што синоќа беше Ѓере. Повторно победив на мускули, можеби на искуство. Телото не ми се однесува како пред 10 години, но со Божја помош и помош на целиот тим, успеав да закрепнам. Денеска се чувствував многу подобро од синоќа. Добро е што ќе имам слободен ден и ќе имам време да се одморам за полуфиналето в сабота“, рече Ѓоковиќ, кој уште е на позицијата број 1 на АТП светската ранг листа.