Нори со неспортски потег го налути Новак, по што си доби лекција по тенис (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжува одбраната на титулата на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим откако во осминафиналето беше подобар од 13-тиот тенисер на светот, Камерон Нори.

Ѓоковиќ за 88 минути игра со 6:3,6:4 го победи Нори и се пласира во четвртфиналето, каде што ќе игра со подобриот од мечот меѓу Холгер Руне и Алексеј Попирин, кој е во тек.
Новак рутински го одработи првиот сет, одлично сервираше и на противникот не му дозволи ниту една брејк-шанса. Од друга страна, Ѓоковиќ го одзеде сервисот на Нори во вториот гем, што се покажа како доволно за водство од 1:0 во сетови.

Вториот сет започна слично како и првиот, Ѓоковиќ направи брејк во третиот гем, но овојпат Нори возврати во четвртиот гем и притоа направи неспортски потег. Тој на брејк-топка, смечуваше во нозете на Новак, кој беше свртен со грбот. Тој потег го налути Новак, кој заигра уште подобро и во деветтиот гем направи брејк без загубен поен и си обезбеди пласман во четвртфиналето.

Таму е и Александер Зверев, кој во два сета со 6:4,7:5 го победи Американецот Волф.

- Оглас -

Најнови вести