Фудбалер на Норич кој не е именуван играл против Тотенхем пред два дена на пријателскиот меч меѓу двете екипи, а е позитивен на тест за Ковид-19.
Веста ја објавија британските медиуими и е потврдена од таборот на популарните Канаринци. Според протоколот играчот ќе оди во самоизолација, а по една седмица повторно ќе биде тестиран.
Норич победи на тој меч против избраниците на Жозе Мурињо со 2:1.
Во Англија фудбалот треба да се врати на 17. јуни со дуелите од Премиерлигата, а на тој датум ќе се играат два заостанати дуели од 28. коло.
Астон Вила од 19 часот ќе игра со Шефилд јунајтед, а подоцна истиот ден Манчестер сити ќе му биде домаќин на Арсенал.
На 9 кола до крајот Ливерпул е лидер на табелата со 25 бода предност пред актуелниот првак Манчестер сити и е блиску до првата титула по пауза од 30 години.