Отпишаниот Норич одигра нервозно, особено во првото полувреме, па му беа исклучени два играчи, што умешно го искористија фудбалерите на Барнли и лесно славеа со 2:0.
Норич е оддамна испаднат од Премирлигата, а со настапите за оваа сезона на едно коло пред крај се простија Буендија и Дрмиќ, кои добија црвени картони во првото полувреме.
Предноста од два играчи повеќе ја круниса најпрво Крис Вуд со прекрасен удар со ножички во самиот финиш на првото полувреме.
https://www.youtube.com/watch?v=6eeFbHaaCXA
Во второто полувреме надмоќта на теренот со два играчи повеќе гостите го искористија со смешниот автогол на Годфри во 80. минута. Стоперот на Норич беше осамен и се обиде да избие, но ја погоди мрежата на својот тим за конечни 0:2 на „Кероу роуд“ во последниот прволигашки меч на овој стадион за оваа и најмалку и за следната сезона.
https://twitter.com/LivePLgoals/status/1284551966002163713?s=20
Норич е убедливо последен на табелата со 21 бод и веќе се подготвува за враќање во Чемпионшип лигата. Барнли има 54 бода и минимални шанси за настап во Европа Лигата.