Ландо Норис го освои првото место на спринт трката во Бразил и ја намали разликата во однос на Макс Ферстапен кој беше трети.
Норис долго беше зад тимскиот колега од Мекларен, Оскар Пјастри, но сепак си ги заменија местата откако Ферстапен го претекна Шарл Леклер кој имаше одредени проблеми со болидот.
Сега разликата во генералниот пласман помеѓу водечкиот Ферстапен и вториот Норис е 45 поени. Трката е утре, а вечерва се возат квалификациите во кои актуелниот првак и да биде најбрз, поради казната, на трката може да тргне од шестото место во најдобар случај.