Норис доминираше во Сингапур и над 20 секунди зад себе го остави вториот Ферстапен

Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на патеката „Марина Беј“ на трката за Големата награда на Сингапур. Норис беше доминантен и на крајот заслужено заврши како прв, пред Макс Ферстапен и Оскар Пјастри, кои го комплетираа победничкиот пиедестал.

„Неверојатна трка за мене. Болидот беше одличен, се беше како што треба“, задоволно коментираше победникот Норис.

Речиси 21 секунда Норис на крајот имаше подобро време од второпласираниот Ферстапен, додеја Пјастри заостана двојно повеќе од Ферстапен. Потоа следуваа Расел, Леклер, Хамилтон, Сајнц, Хулкенберг и Перес, кој како десетопласиран освои еден бод во генералниот пласман.

Со оваа победа, Норис ја намали разликата во однос на Ферстапен на само 52 поени во генералниот пласман, па може да се очекува да биде возбудливо во последните шест трки.

 

- Оглас -

Најнови вести