Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, вечерва ќе стартува од пол-позицијата на трката за големата награда на САД која се вози на патеката во Остин во Тексас. За Норис ова е четврта пол-позиција на последните пет трки.
Норис беше најбрз во квалификациите, со само 31 илјатинки подобро време од шампионот и лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен од Ред Бул, кој ќе тргне од второто место. Трети беше Карлос Саинс од Ферари, а четврти неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Квалификациите беа катастрофални за Мерцедес. Џорџ Расел имаше тежок инцидент во кој за среќа остана неповреден, и ќе тргне од шестата позиција, а Луис Хамилтон беше препоследен, го освои дури 19-тото место што е голем срам за него. Во претходните 11 сезони, Хамилтон во квалификациите секогаш беше во топ 5 во Остин.