Норис покажа дека не е зрел за титула, Ферстапен од 17-то место до победа во Бразил

Макс Ферстапен победи на хаотичната трка за Големата награда на Бразил, и многу ја зголеми предноста во генералниот пласман, бидејќи главниот ривал Ландо Норис заврши дури на шеста позиција.

Ова беше трка на која Норис од Мекларен требаше да ја намали разликата бидејќи Ферстапен стартуваше дури од 17-то место, а се случи обратното.

Клучна улога одигра дождот кој предизвика прекини и бријни инциденти. Во овој хаос на патеката Интерлагос најдобро се снајде Ферстапен. Норис направи грешка при рестартот на 27 круга до крајот, излезе надвор од патеката и кога се врати, беше дури шести.

Феноменален успех направи екипата на Алпин која имаше двајца свои претставници на подиумот, втор низ целта мина Себастијан Окон, а трети беше Пјер Гасли.

- Оглас -

Најнови вести