Норис се одбрани од нападите од Леклер и победи во Монако

Британецот Ландо Норис од Мекларен ја извојува шестата победа во Формула 1 кариерата. Тој беше за три секунди побрз од домашниот пилот Шарл Леклер кој лани победи на оваа патека на која е речиси невозможно претекнување.

Норис го искористи стартувањето од пол-позиција, го задржа првото место, двете задолжителни менувања гуми не сменија ништо и тој победи.

Првакот Макс Ферстапен беше четврти, а водеше долго со истрошени гуми, и на еден круг до крајот мораше да оди во бокс на менување гуми. Трети беше Оскар Пјастри кој остана лидер во генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести