7.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Норис стана Формула 1 првак, но денеска не доби пехар од ФИА

На новиот првак во Формула 1, Ландо Норис (26), не му беше врачен пехар за титулата, туку тоа ќе се случи во Ташкент, Узбекистан, на 12-ти декември.

Таа вечер, на свечена церемонија, како и другите шампиони од сите серии на ФИА, ќе му биде доделен заслужениот трофеј.

Оригиналниот пехар е во Лондон. Светската автомобилска федерација од 1995 година доделува шампионски пехар кој е направен од сребро, 24-каратно злато и емајл. Има вкупна тежина од 4,7 килограми и како трофејот од Лигата на шампионите или трофејот од Вимблдон, на него се врежани имињата на претходните победници.

Сепак, додека сите други трофеи се гравираат буквално неколку минути по финалето, на самиот стадион, ФИА има далеку покомплицирана процедура, од која не се откажува. ФИА веројатно се плаши дека шампионите на Формула 1 ќе престанат да доаѓаат на церемонијата ако веќе го имаат трофејот во свои раце.

Има уште една причина за недоделување веднаш, имено, според прописите на ФИА . некој тим може да поднесе жалба на резултатот од шампионатот до четири дена пред гала церемонијата. Тоа се случи во 2021 година кога Мерцедес протестираше против процедурите за рестартирање.

Сакаат да бидат 100 проценти сигурни дека титулата му ја дава на вистинскиот шампион, а не на натпреварувач на кого евентуално би можел да му биде одземен трофејот.

- Оглас -

Најнови вести