Норвешка е пресилна, но се распаѓавме кога најмалку требаше!

И пред мечот се знаеше дека Норвешка е посилна од македонскиот национален тим и дека е фаворит, но конечните 39-27 не беа тоа што бројните фанови во црвено-жолто го очекуваа на стартот на Светското првенство.

Македонскиот тим не водеше во ниту еден момент, а имаше големи падови во последните 10-тина минути и од првото и од второто полувреме.

Остануваат дуелите со Холандија задутре и со Аргентина во вторник за поправка на впечатокот и намалување на грешките кои се појавуваа вечерва особено во одбраната.

Талески со 7 гола беше прв стрелец кај Македонија, Манасков даде 5, а Петров и Кузмановски по 4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести