Репрезентацијата на Норвешка по рекорден десетти пат е европски првак во ракомет за жени. Во денешното финале, го совладаа ривалот Данска со 31-23 и ја потврдија својата доминација во женскиот ракомет.
Ова е трето европско првенство по ред на кое Норвжеанките го освојуваат златото, а на патот до титулата дојдоа со максимален ефект од 8 победи на 8 натпревари.