Норвешка и Русија се во фантастична форма, Камерун никогаш не загубил дома од Либија (Фото)

6786 Македонија – Велс (20:45)

Македонија и Велс имаат одиграно само еден меч во Скопје, во 2013 година, кога се радувавме на победа од 2-1. Посакуваме и вечерва да биде така, Македонија да победи во меч на којшто ќе има голови. Велс одигра ефикасно и на последните два меча победи со 3-1 против Казахстан и со 4-1 против Велс, додека Македонија му даде три гола на Лихтенштајн на гостински терен.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.97)

 

6785 Израел – Норвешка (20:45)

Норвешка игра во фантастична форма и има три победи на последните три меча со импресивна гол-разлика од 14 дадени и само еден примен гол. На последните два натпревари победуваше против Модлавија и Казахстан со по 5-0, а претходно ја совлада и Словенија со 4-1. Халанд најави дека со Норвешка сака да игра на Светското првенство, а за да се случи тоа, ќе мора да победуваат на натпревари како што е овој против Израел.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.89)

 

5662 Камерун – Либија (20:00)

Во Африка се играат интересни квалификациите за Светското првенство, а една од најизрамнетите групи е токму онаа во која се и Камерун и Либија. Домашните со победа ќе се искачат на првата позиција на табелата, а од денешниот противник немаат загубено уште од 2012 година, но и Либија никогаш нема победено на гости кај Камерун.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.35)

 

6705 Русија – Замбија (18:00)

Русија веројатно е репрезентацијата која во моментов е во најдобра форма, но тоа е, пред сè, поради фактот дека играат само пријателски натпревари поради суспензијата од ФИФА и УЕФА. Русите 15 натпревари по ред немаат пораз, а победуваа на последните седум меча, на кои постигнаа 39 гола без да примат ниту еден. Слично се очекува да биде и на мечот против Замбија.

Предлог тип: 1-1 & 3+  (2.06)

 

4828 Германија У21  – Шпанија У21 (20:30)

Интересен меч се очекува и од младите репрезентации на Германија и Шпанија, кои ќе играат пријателски меч во Дармштад. Двете селекции се синоним за ефикасен фудбал и голем број голови, а на последните два меѓусебни дуела се тресеа двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести