Норвешка и Шпанија играат спектакл, Данска ја понижи Унгарија (Видео)

Данска ќе игра полуфинале на Светското првенство во ракомет за мажи.

Данците вечерва ја прегазија Унгарија со 40-23, додека Норвежаните и Шпанците бијат епска битка за место меѓу четирите најдобри.

Драмата во Гдањск можеше да биде одлучена во регуларниот дел, кога Норвежаните при 25-24 за нив имаа напад во последните 20 секунди, имаа и чиста позиција за гол, но наместо тоа, трошеа време и играа пасивно, па судиите им ја одзедоа топката на пет секунди до крај, а Даниел Душебаев сурово ги казни и погоди во последната секунда за 25-25, носејќи го мечот во продолжение.

По двете продолженија, резултатот беше 29-29, па се играат уште двапати по пет минути.

Ова е чудото кое го направи Шпанија за да се спаси од пораз во регуларниот дел:

- Оглас -

Најнови вести