Ерлинг Халанд блескаше вечерва на младинското Светско првенство за играчи до 20 години и постигна неверојатни 9 гола за Норвешка во победата од 12:0 против Хондурас.
Халанд беше немилосрден, а неговиот прекрасен учинок е рекорд на популарното Мундијалито. Досега ниту еден играч не успеал да забележи таков ефект каков што вечерва забележа играчот на Ред Бул Салцбург.
Норвешка го декласира Хондурас со имрепсивни 12:0, но и со тој резултат не е сигурна во пласман понатаму и ќе чека исход на натпревари од останатите групи за да се надева на настап во осминафиналето.
Халанд беше на прагот да потпише за Манчестер јунајтед, а скаутите на „црвените ѓаволи“ го следеа на мечот на којшто за Молде лани постигна 4 гола во првите 20 минути. Тренер тогаш му беше Оле Гунар Солскјер, а сепак до договор не дојде, па Халанд од Молде се пресели во Ред Бул Салцбург и потпиша петгодишен договор во јануари годинава.
Во вториот меч од истата група Уругвај го победи Нов Зеланд со 2:0 и го освои првото место во групата Ц со 9 бода.
И Нов Зеланд оди понатаму како второпласиран со 6 бода, а Норвежаните се надеваат дека ќе бидат меѓу четирите најдобри третопласирани селекции кои ќе играат во следната фаза.