19.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Норвешка победи 11-1, ваков резултат во Европа не беше виден од Македонија со Лихтенштајн

Победата од 11-1 која вечерва ја извојува Норвешка против Молдавија, е најубедлива во европски квалификации за Светско првенство уште од оние идентични 11-1 кои ги имаше Македонија против Лихтенштајн во 1996 година.

Разликата е што Македонија пред 29 години даде 11 голови како гостин, а Норвешка играше дома.

Најубедлива победа во историјата е онаа од 12-0 на Германија против Кипар во 1969 година.

Интересно е дека и покрај катастрофата и тоа што во овие квалификации нема освоено ни бод по пет кола, а гол-разликата им е минус 22, Молдавија уште има теоретски шанси да се пласира на СП. Тие се во добра позиција да влезат во бараж преку Лигата на нации (победија во Лига Д од Лигата на нации), што значи дека две победи им се доволни да играат на Мундијалот следната година, иако тоа делува како научна фантастика.

- Оглас -

Најнови вести