Норвешка победи во скандинавското дерби, Данска ја отпиша Хрватска

Ракометарките на Данска ја совладаа Хрватска во второто коло од главната рунда на ЕП со 26:17 и останаа во игра за пласман во полуфиналето, и во исто време ја отпишаа Хрватска. Во скандинавското дерби Норвешка ја победи Шведска со 27:25.

Кристине Јоргенсен постигна пет гола, Миех Хејлунд четири, а Ема Фрис и Михала Милер по три гола за Данска, додека кај Хрватска најдобри беа Катарина Павловиќ со шест и Лара Павловиќ со три гола.

Данска остана во игра за пласман во полуфиналето, но нема да зависи само од своите игри и резултати. Данска има шест бода, Словенија има четири и натпревар помалку, а згора на тоа ги совлада данските ракометарки во првата фаза од ЕП.

Словенија ја очекуваат два натпревари, против Норвешка и Унгарија и ако победи на двата, сигурно ќе игра во полуфиналето.

Норвешка по голема борба ја совлада Шведска со 27:25, па е многу блиску до полуфинале.

Утре во групата 2 што се игра во СЦ Борис Трајковски ќе играат селекциите што имаат перфектен скор досега, Црна Гора и Франција (20:30 часот).

- Оглас -

Најнови вести