Фудбалската репрезентација на Норвешка ќе игра на Светското првенство следната година и тоа ќе биде нивно прво учество на Мундијал по 1998 година.
Норвежаните се мачеа во првиот дел против Естонија, но надежите на Италијанците дека Норвешка може да киксира, се распрснаа како меур од сапуница од 50-тата до 62-рата минута, кога Сорлот и Халанд за 12 минути постигнаа по два гола за 4-0 и славење во Осло.
Со победата на Норвешка, јасно е дека Италија како втора во таа група ќе игра бараж, како и во 2022 и 2018, кога не успеваше да се пласира на СП, а повторно ќе ѝ биде можен ривал на Македонија како во март 2022, кога ги шокиравме во Палермо.
Италија уште има теоретски шанси, но ќе им биде потребно мечевите со Молдавија на гости и Норвешка дома да ги добијат со вкупно 20 гола разлика, што не е реално.

