Уште една драма на ЕП – Исланѓаните промашија на празна мрежа за победа, ќе играат продолженија со Норвешка

 

Уште еден драматичен меч се игра на Европското првенство во ракомет, а Исланд и Норвешка ќе играат продолженија во битка за петтото место на Европското првенство, откако мечот во регуларен дел заврши нерешено 27:27.

Последниот напад за победа го имаа Норвежаните, но се сплеткаа, па Исланд имаше шанса за триумф, но промашија удар од својата половина на празна мрежа.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487097480336625664?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA

Норвежаните очекуваа многу повеќе и беа меѓу главните фаворити за медал на ЕП, но го промашија полуфиналето, па како утеха сега би им бил пласманот на следниот ракометен Мундијал, но за тоа ќе мора да играат продолженија.

Уште во текот на првото полувреме, Сагосен и соиграчите покажаа дека се подготвени за рехабилитација и постојано водеа. Исланд само еднаш имаше предност од 3:2 во првиот дел што го доби ривалот со 16:12.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487074045568954369?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA

Исланд тргна многу подобро во второто полувреме, намали на 17:18, но примија три гола по ред и повторно ја имаа негативата од четири гола од првото полувреме.

Се разигра првата ѕвезда на Норвежаните Сандер Сагосен, Норвешка поведе со 22:18, но Исланѓаните го почнаа вториот обид за пресврт и израмнија на 25:25.

Магнусон беше незадржлив и постигна 10 гола за Исланд и ремито на крајот можеше да биде преточено и во победа, но Исланѓаните го промашија ударот на празна мрежа.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487077505961967620?s=20&t=GggeF88M7w8fsruyfzh6cA

 

- Оглас -

Најнови вести