Норвешката машина незапирлива: 20 гола на 14 меча во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити извојува рутинска победа од 3-1 на гостувањето кај Лидс, во меч кој мина во знакот на Ерлинг Халанд.

Норвежанецот е роден во Лидс и на дебито во својот роден град даде два гола, со кои дојде до бројка од 20 гола во Премиер лигата, а до крајот на сезоната Сити треба да одигра уште 23 меча.

Халанд во англиското првенство има одиграно само 14 меча. Досега најбрзо до 20 гола во Премиер лигата имаше стигнато Кевин Филипс, кому му требаа 21 меч.

- Оглас -

Најнови вести